Полициските службеници од СВР Охрид пронашле дрога вечерта на 1.08.2021
На 01.08.2021 околу 22.30 час на ул.„Кленоец“ во Охрид, кај поранешната касарна, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје Охрид кај 19- годишно лице од Скопје пронашле марихуана, а кај 30 годишен битолчанец пронашле таблета.Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 02.08.2021 во 20:30 минути во СВР Охрид бил приведено 31 годишно лице од Охрид
Тој, претходно, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид со патнички автомобил „пежо“ со струшки регистарски ознаки удрил во паркиран автомобил „Шевролет каптива“, сопственост на 47 годишен охриѓанец, потоа физички го нападнал со остар предмет и упатил закани, истакна Димоски
Лицето било агресивно и кон полициските службеници и се обидел физички да ги нападне. По целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОhridNews












