СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Вршење јавен превоз без лиценца“.

При контрола извршена на 06.07.2021 година на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган,информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Поднесена е кривична пријава  поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на лични податоци“ и „Загрозување на сигурноста“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И (46) од ресенското село Горно Крушје. Тој, во периодот декември 2020 до јули 2021 година преку лажен фејсбук профил на повеќе лица од Охрид им испраќал пораки со недолична и заканувачка содржина, обработени и монтирани фотографии и фотографии со заканувачка содржина, соопшти Димоски.

Вчера во СВР Охрид бил приведенo било 24-годишно лице од Прилеп кај кого во Авто кампот „Градиште“ во Охрид била пронајдена марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

OhridNews