Вчера во 23.50 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на улицата „8 Септември“ настанал пожар во патничко моторно возило „Форд Мондео“, со охридски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(42) од Охрид.
Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид. Увид извршија полициски екипи, информираа од СВР Охрид.
Вчера во 09.55 часот во СВР Охрид било пријавено дека било пронајдено починато лице на локален пат во охридското село Велгошти.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а од увидот извршен од полициски екипи, констатирано е дека се работи за М.В.(62) од Велгошти.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

Пријавените, на 31.12.2021 година на бул.„Железничка“ во Охрид предизвикале пожар во патничко возило „Ауди“, со охридски регистарски ознаки, што го користел Д.Т. од Охрид.
OhridNews












