Синоќа во 22:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен 47-годишен жител на Охрид.

Претходно тој бил пријавен во СВР Охрид дека вперил воздушна пушка кон неколку лица, меѓу нив и едно со пиштол, кои на булеварот физички го нападнале неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Претходно, вчера, во 17:10 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „7 ноември“ во Охрид, 63-годишен охриѓанец физички нападнал 43-годишен жител на селото Требеништа, општина Дебрца.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 13:05 часот, во СВР Охрид било пријавено дека избувнал пожар во авто приколка натоварена со слама, а поставена на моторно возило „Голф“ со охридски регистарски ознаки, кое се движело по патот Охрид-Ресен, во близина на селото Опеница.

Возилото го управувал Н.Т.(48) од Охрид, а во пожарот нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

OhridNews