Ноќеска во 01.50 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 50-годишен жител на охридското село Горно Лакочереј.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид запреле патничко возило „ланчија“, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управува под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта. Г.Т. беше исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

 

 

Исто така ноќеска, во 03:30, часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата ,,Партизанска“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Охрид на возраст од 33 и 38 години.

Полициски службеници излегле на местото, по што лицата бил приведени во полициска станица, а бидејќи се пожалиле на повреди едниот. бил пренесен во Медицински центар Охрид каде му биле констатирани телесни повреди, додека другиот бил пренесен во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпароилот Димоски.

Вчера во 21:50 часот во СВР Охрид било пријавено дека настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, кое го управувал млад жител на струшкото село Октиси на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Климештани.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Вчера утрото во 07.40 часот, полициски службеници од ОВР Струга со судска наредба извршиле претрес во дом на 59-годишен жител на струшкото село Делогожда, при што пронашле и одзеле 104 куршуми од автоматско оружје, кои нелегално ги поседувал.

Тој бил повикан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.

На 07.08.2025 во 16:00 часот на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле 42-годишен жител на струшкото село Мороишта затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews