На 25.08.2026 во 20:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 42-годишно лице од Охрид.
Тој во семејниот дом упатувал закани и агресивно се однесувал кон членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.08.2026 во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом упатувал закани и бил агресивен кон членови на семејството.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.08.2026 во 01:15 часот на булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 27-годишно лице од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, кој го управувал и притоа констатирале дека немал положено возачки испит. По насока на јавен обвинител, мопедот е одземен и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Скопје и против правно лице од Скопје, чиј сопственик е, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик.
При контрола во угостителски објект на една плажа во Охрид, извршен на 29.07.2026, со која стопанисувале пријавените, полициските службеници затекнале малолетни лица на кои им било овозможено да консумираат алкохолни пијалоци.
На 25.08.2026 во ОВР Струга е пријавено дека во 22:20 часот на улица „Јово Стефаноски Риле“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 44-годишно лице, двајцата од Струга.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











