На 22.02.2026 во 19:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 40-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.

По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВТ Охрид.

На 22.02.2026 во 15:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред угостителски објект во Охрид, три лица физички нападнале 28-годишно лице од село Злести, општина Дебрца.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews