На 11.07.2026 во 00:20 часот, лишена од слобода е 36-годишна жена од охридско поради семејно насилство.

Таа во семејниот дом претходно физички ја нападнала својата мајка. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

На 10.07.2026 во 09:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на кружната крстосница помеѓу бул.„Туристичка“ со ул.„Абас Емин“ во Охрид, 62-годишно лице од Охрид кој управувал мопед „хуатијан“ со охридски регистарски ознаки, изгубило контрола и паднало на коловоз.

Лицето е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. При преземени мерки, кај мотоциклистот биле констатирани 0,74 промили алкохол во крвта. По насока на јавен обвинител, увид на местото на настанот е извршен од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews