На 24.02.2026 во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 52-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 25.02.2026 во 00:20 часот на улица „Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20 и 17 – годишни лица, двајцата од Охрид.
Тие под дејство на алкохол го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службените мерки. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Тој бил затекнат од полициски службеници при продажба на марихуана на лице од Охрид, по што биле лишени од слобода.
На 24.02.2026 во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода 48-годишно лице од Струга.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека лицето го управувало возилото и покрај тоа што имало забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













