На 02.05.2025 година во 23.40 часот, на улицата „Крали Марко“ во Охрид, лишено од слобода е 40 годишно лице од Охрид.
Тој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга и трите малолетни деца. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 130 од Кривичниот законик „Телесна повреда“, информираат од СВР Охрид.
На 03.05.2025 година во 22.10 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Охрид, лишено од слобода е 44 годишно лице од селото Подмољје, општина Дебрца.
Тој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга и двете малолетни деца. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.05.2025 година во 23.40 часот, пред угостителски објект во туристичкиот комплекс „Горица“ во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција, од слобода лишија 23 годишно лице од Скопје.
При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е опаковка со бела прашкаста материја која се обидел да ја внесе во објектот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.05.2025 година во 11.05 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода лишија 65 годишно лице од Кавадарци.
Тој, во службени простории на Основниот суд во Охрид, бил агресивен кон припадници на судската полиција по што и физички ги нападнал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.05.2025 година во 13.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека жена од Охрид, била агресивна кон нејзиниот сопруг по што извршила оштетување во работилницата каде тој работел.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста“,согласно член 144 од Кривичниот законик, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews