На 17.08.2026 во 20:00 часот во  СВР Охрид, 43-годишна жена од Скопје, со престој во Охрид, пријави дека на 16.08.2026 околу 22:30 часот во нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг, со кого не живееле заедно, информираат од СВР Охрид. Посочуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 17.08.2026 во 19:05 часот во струшко, полициски службеници лишија од слобода 22-годишно лице од струшко, со престој во Германија.

Тој бил пријавен од негов 43-годишен роднина од струшко дека околу 16:40 часот во угостителски објект во Струга му се заканувал и го туркал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews