Рано утрово во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
Ноќеска во 02:25 часот на бул.„Македонски просветители“ во Охрид, повеќе лица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, по што избегале.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Вчера вечерта во 20:00 часот во кичевското село Свињишта, полициски службеници лишиле од слобода 72-годишно лице од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека под дејство на алкохол, од својата куќа, со огнено оружје – пушка испукал неколку куршуми.
По преземени мерки, полициските службеници го одзеле оружјето, а кај него при извршено алкотестирање биле констатирани 1,56 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти портпаролот Димоски.
OhridNews











