На 23.01.2023 околу 09.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Врбјани, Oпштина Дебарца, се случила сообраќајна несреќа, информираат од СВР Охрид.

Несреќата се случила помеѓу патнички моторни возила „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(44) од Скопје и „даеву“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(66) од Кичево. Во несреќата, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.

При сообраќајна контрола, извршена на 21.12.2022 година на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при превоз на патници со своето возило. Притоа, било констатирано дека тој не поседува соодветна лиценца за вршење јавен превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган, додава Димоски.

OhridNews