На 22.03.2023 во 12.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на влез за с.Климештани, Општина Дебрца, патничко моторно возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно лице од Охрид, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 62 годишната сопатничката од Охрид констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 22.03.2023 околу 18.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид привеле две лица на возраст од 38 и 40 години, двајцата од Охрид.

При преглед во патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Димоски.

СВР Охрид поднесе и кривична пријава против 37 годишно лице од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес извршен во неговиот дом по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и шприц со смола од хашиш, додава Димоски.

OhridNews