На 17.10.2025 година во 18.50 часот, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, приведено 67-годишно лице од Охрид.

Тој бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. По извршено алкотестирање, кај него утврдено е присуство на 1,41 промили алкохол во крвта по што е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 17.10.2025 година во 13:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 58-годишно лице од селото Речани, кичевско и товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишно лице од селото Беранци, битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 58-годишниот возач, а со телесни повреди се здобил 27-годишниот возач, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

На 17.10.2025 година во 15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, две малолетни лица, на автобуска постојка во охридското село Пештани, го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз друг малолетник.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветен поднесок, додаваат.

OhridNews