На 29.06.2025 во 12.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од улицата „Партизанска“ со „Ванчо Николески“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22 годишно лице од селото Горенци, општина Дебрца и велосипед, управуван од 59 годишно лице од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВр Охрид.

На 29.06.2025 година во 20.10 часот, во СВР Охрид приведени се 20 годишно лице од Охрид и 25 годишно лице од Холандија.

Тие претходно на улицата „7 Ноември“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај.

Притоа, полициските службеници извршиле контрола на 87 моторни возила, во Охрид затекнале 55 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената (22 надвор од населено место, 17 во населено место) како и 09 возачи кои на места каде со сообраќаен знак е забрането, извршиле престигнување на други возила (Кичево-06, Дебар-03). Против овие возачи, поднесени се соодветни платни налози, посочуваат од СВР Охрид.

Воедно апелираат до возачите на моторни возила, крајно внимателно да ги управуваат своите моторни возила, да ги почитуваат сообраќајните знаци и другата вертикална и хоризонтална сигнализација.

Упатуваме апел и до пешаците, велосипедистите и моторциклистите како учесници во сообраќајот, да бидат совесни и одговорни, пешаците да ги користат обележаните пешачки премини за премин на коловозите, а велосипедистите и моторциклистите да користат заштитни кациги и друга неопходна опрема. Секое спротивно однесување како и зборување на мобилен телефон при управувањето со возилата, ќе биде санкционирано согласно одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews