СВР Охрид информира за два настани на физичко насилство, едниот врз малолетник, во другиот нападнато 70 годишно лице.
На 10.06.2025 во СВР Охрид бил извршен службен разговор со двајца малолетници од Охрид на возраст од 17 и 16 години, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00.00 часот во Охрид физички нападнале 17-годишник од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.06.2025 во 21.40 часот во СВР Охрид, 70-годишник од Охрид пријавил во неговиот дом во охридско бил физички нападнат од неговиот син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид
OhridNews