На 08.06.2023 околу 23.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на паркинг на ул.„Караорман“ во Охрид, две лица физички и со метални предмети нападнале охриѓанец.

Нападнатиот бил пренесен во специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид и се преземаат мерки за асчистување на случајот, информира СВР Охрид.

Истата вечер во 22.10 часот, на ул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 20-годишен стружанец, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – стои во полицискиот билтен.

OhridNews