На 06.03.2023 во близина на охридското село Косел затекнати се С.М.(23), М.Е.(23), Х.Х.(23), сите од Сирија, како и А.М.А.(24) од Палестина, информираат од СВР Охрид.
Поради остварен илегален влез во РСМ а во согласност со Законот за гранична контрола, тие се приведени, а потоа спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за натамошна постапка, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
СВР Охрид, додава, поднесе и кривична пријава против 49 годишно лице од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, на социјалната мрежа „Фејсбук“, на објава поставена од еден портал, постирал коментар со недолична содржина со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство, вели Димоски.
OhridNews












