На 15.10.2025 во 01:20 часот на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 53-годишно лице од Охрид.

Тој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување и лажно пријавил дека бил физички нападнат. По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид, кај него констатирале 1,51 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 14.10.2025 во 07:30 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 42-годишно лице од Охрид.

Тој претходно во продажен објект го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување, а потоа физички му се спротивставил на работникот од обезбедувањето на објектот. По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид кај него констатираа 3,52 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.10.2025 во 20:45 часот во охридското село Лескоец, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 34-годишно лице од село Косел и 46-годишно лице од селото Долно Лакочереј затоа што претходно, пред продажен објект во селото го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид, кај лицето од Косел констатирале 2,30, додека кај другото лице 2,46 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews