На 18.02.2026 во 22:00 часот на магистралниот пат Струга-Вевчани, во близина на Струга, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 54-годишно лице од Струга.
При извршена контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,61 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител, лицето е исклучено од сообраќај, одземено му е возилото и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.
На 18.02.2026 во 21:00 часот на ул. „Карпош Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 50, 35 и 43-годишни лица, сите од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија.
При тоа 43-годишното лице физички нападнало 21-годишно лице од Охрид. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 18.02.2026 во 20:10 часот во Општата болница во Струга, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 46-гпдишно лице од село Ново Село, општина Боговиње, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон персоналот во болницата.
При преземени мерки е констатирано дека лицето е под дејство на алкохол и му биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 25-годишно лице од струшката населба Тефериќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.
Тој, во отсек за Управни работи, лажно пријавил изгубена возачка дозвола, иако имал активна забрана за управување на моторно возило, и поднел барање за издавање нова возачка дозвола, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













