На 06.07.2025 година околу 20 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од СВР Охрид, од сообраќај исклучиле 32 годишно лице од охридското село Велестово.
Тој бил затекнат дека управува моторно возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, под дејство на алкохол со 1,60 промили алкохол во крвта. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 06.07.2025 година во 22 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 33 и 50 годишни лица, двете од Охрид.
По целосно документирање наа настанот,ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.07.2025 година во 20,45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, три лица физички нападнале 33 годишно лице од Куманово.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.07.2025 година во 17,30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во близина на струшкото село Враништа, едно лице, започнало вербална расправија со 51 годишно лице од струшкото село Лабуништа по што, со нож му нанел повреди по телото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews