Денеска во 01:40 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид полициски службеници од СВР Охрид и Единицата за брзо распоредување при МВР, од слобода лишија 21 годишно лице од Скопје.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки што, тој го управувал и при извршено алкотестирање, констатирално е дека имал 1,78 промили алкохол во крвта, информираат од СВР Охрид.
Лицето, додаваат, веднаш е исклучено од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.
Во 02.30 часот денес на паркинг простор од ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 23 годишно лице од Скопје.
При извршен преглед, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.07.2025 година 12.32 часот, во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект лоциран на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, едно лице, физички нападнало 62 годишно лице од Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
OhridNews