На 03.10.2025 во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид, подолго време вознемирувал, а на 29.09.2025 година околу 22 часот и физички нападнал 25 годишна девојка од Охрид, која била на нејзиното работно место.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 131 од Кривичниот законик „тешка телесна повреда“, информираат од СВР Охрид.
На 03.10.2025 во 16:10 часот, полициски службеници на улицата „Кленоец“ во Охрид, приведоа 29-годишно лице од Охрид.
Тој бил затекнат додека се движел низ простории од поранешната касарна во Охрид. При обид за легитимирање, тој бил агресивен кон полициските службеници. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.10.2025 во 04:30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишено од слобода е 38-годишно лице од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „опел“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, и притоа, кај него констатирале 1,50 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews