На 16.02.2026 во 06:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље- Струга, товарно возило „ман“, управуван од 52-годишно лице од Република Албанија, удрило во пешак 75-годишен од струшкото село Ливада кој, од здобиените повреди починал на местото на несреќата, информираат од СВР Охрид.

Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга. Претходно, во 06:05 часот е пријавено дека 75-годишното лице се оддалечило од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, велат од СВР Охрид.

На 15.02.2026 во 17:32 часот на магистралниот пат Струга-Ќафасан, полициски службеници oд ОВР Струга лишија од слобода 31-годишно лице од струшкото село Радолишта.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека имал активна забрана на управување со моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews