На 18.08.2026 во 10:50 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 68-годишно лице од селото.
Тој бил пријавен дека се заканувал на 62 – годишна жена и нејзиниот син, исто така, од истото село. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 18.08.2026 во 15:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 35-годишно лице од Охрид.
Тој во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувал кон членови на семејството, по што физички нападнал 33-годишно лице од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид и против правен субјект, чиј сопственик е тој, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.
32-годишното лице преку правниот субјект, работно ангажирал 21 годишно лице од Охрид без да склучи договор за работа, односно без да заснова работен однос во правното лице. Со тоа, лицето преку правниот субјект свесно ги прекршил одредбите од член 166 од Кривичниот законик и не се придржувал кон прописите и колективниот договор за засновање на работен однос.
На 18.08.2026 во 19:40 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција од ОВР Струга лишија од слобода 21-годишно лице од тетовското село Синичане.
При извршен преглед кај него, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











