На 23.08.2026 во 21:25 часот на паркинг простор во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 46-годишно лице од Скопје.
Тој со остар предмет се заканувал и се обидел да нападне 30-годишно лице од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.08.2026 во 11:34 часот во СВР Охрид е пријавено дека, лице од Охрид, во дворно место на улица „Крсте Мисирков“ во Охрид, сопственост на 57-годишна жена, со дрвен предмет удирал по метален бокс каде таа ги чувала своите кучиња, по што физички ја нападнал.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.08.2026 во 17:25 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 25, 47 и 22-годишни лица, сите од Битола.
Тие во Пештани физички нападнале 42-годишно лице, жител на селото. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











