На 29.10.2025 во 20:10 часот во СВР Охрид, 48-годишно лице пријавило дека околу 19:50 часот во Охрид му биле упатувани закани од друго лице, двајцата од Охрид, и истото се обидел и да го удри со тврд предмет, информираат од СВР Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочуваат.

Денеска 06:50 часот лице од Струга пријавил дека околу 03:00 часот слушнал истрели од огнено оружје, информираат од СВР Охрид.

Посочуваат дека преземаат соодветни мерки за расчистување на случајот.

OhridNews