На 18 мај во 13 часот при вршење кражба од кругот на Јавното претпријатие „Градски гробишта“ во Охрид, било затекнато 51 годишно лице од Охрид.

Одземените предмети се вратени на претпријатието, а по целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

Истиот ден во 13.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно однесување и упатување закани од две лица кон 68 годишно лице сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 18 мај и 63 годишно лице од Охрид во полициска станица пријави дека на улица „Гоце Делчев“ во Охрид бил каснат од куче скитник, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews