Околу 18 часот и 30 минути, на улицата „130“ бил нарушен јавниот ред и мир со карање, викање и непристојно однесување помеѓу две лица од Охрид, против кои од страна на СВР ќе поднесе соодветна пријава.
Вчера, жител на струшкото село Лабуништа, во полициска станица пријавил дека околу 19.45 часот, неговата мајка во селото била нападната од куче домашен миленик-сопственост на жител на селото.
Жената се здобила со повреди по телото, а ОВР Струга презема мерки за расветлување на настанот по што ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
ОВР Струга, до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 38-годишен скопјанец и против правно лице со седиште во Струга, за сторено казнено дело „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на управител на фирмата и инвеститор, во текот на минатата година, на локација во струшкото село Мислешево, без соодветно одобрение, почнал со изградба на објект за домување. По извршениот инспекциски надзор, донесено е решение со кое, на инвеститорот му се наложува, да се прекине со изградбата и во определен рок да го усогласи објектот според претходно издаденото одобрение.
OhridNews












