На 21.02.2026 година во 12.45 часот, на улицата „Кленоец,“ во Охрид, лишено од слобода е 44-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Фиат“ со охридски регистарски ознаки кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 1,69 промили алкохол во крвта по што, веднаш го исклучиле од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 21.02.2026 околу 16.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Струшки Кепенци“ во Струга товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки управувано од 57-годишно лице од Струга удрило во 70-годишна жена од с. Мислодежда, струшко.

По несреќата жената била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош каде подоцна починала. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга. Во 21.40 часот полициски службеници го лишија од слобода возачот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews