Новиот правилнк кој го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство, им налага на сопствениците на кучиња и мачки да ги регистрираат милениците преку вградување поткожен микрочип, јавува Алфа.

Микрочипот ќе содржи податоци за миленикот, почнувајќи од вакцинацијата, името, адресата и матичниот број на сопственикот. Процедурата ќе чини околу 200 денари, додека сопствениците за микрочипот ќе треба да одвојат околу 500-тини денари.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, по регистрацијата на домашните миленици, Ветеринарното друштво ќе издава пасош за животното кој може да се користи при патување во земјите од ЕУ.

Секој сопственик на домашен миленик, ќе треба да се обрати до некое од Ветеринарните друшта со цел регистрација на животното. На сопственикот ќе му се издаде пасош за миленикот, во кој се потврдуваат податоците. Пасошот е стандардизиран и усогласен со оној кој се користи при патување во земјите членки на унијата.“ – истакнуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од Агенцијата посочуваат дека до летниот период, ќе ги толерираат сопствениците кои нема да извршат регистрација на миленикот, а потоа комуналните инспектори ќе прават редовни контроли на терен.

Инаку, од оваа обврска ќе бидат исклучени само животните за кои не е задолжителна вакцинација од беснило, како мачки кои никогаш не го напуштаат домот.

OhridNews