На 13-ти овој месец во Корча, УНЕСКО официјално ќе го објави статусот на прекуграничниот Биосферен резерват Охрид-Преспа.

Како што истана заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, прекуграничниот биосферен резерват Охрид – Преспа ќе овозможи поттикнување на албанската страна од Охридското Езеро за заштита на природното наследство.

Македоснкиот претставник во билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридското Езеро, Дејан Пановски, истакна дека статусот биосферен резерват е од големо значење за еколошките поимања на овој регион, но и за поголемо влијание кон туристичката понуда што регионот треба да ја генерира.

Биосферниот резерват Охрид – Преспа опфаќа граници еднакви со национаните паркови „Пелистер“, „Галичица“ „Преспа“ во Албанија, споменикот на природата „Вевчани“, приодниот резерват „Езерани“ и спомениците на природата – Охридското и Преспанското Езеро, како и културните наследства што се наоѓаат во двете држави.

Инаку, апликацијата за добивање прекуграничен биосферен резерват беше доставена лани на 30 септември до централата на УНЕСКО во Парис, каде по нивната анализа на 11 јуни годинава во Шведска беше доделен статусот на прекуграничен биосферен резерват Македонија – Албанија.

OhridNews