Поранешниот напаѓач Бирхоф истакна дека ривалството помеѓу овие две нации е големо и секој пораз болно го прифаќаат. Последна средба двете селекции имаа на Европското првенство во Полска и Украина, кога Германија ја совлада Холандија со 2-1.
– Со нетрпенио го чекам натпреварот со Холандија. Ривалството на двете земји е големо и сигурно ќе биде повеќе од пријателски меч – посочи Бирхоф.
Холанѓаните и германците квалификациите за Светското првенство ги започнаа одлично и нема никаков сомнеж дека овие две селекции ќе се најдат на завршницата од мундијалот.