Ученици од средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ беа дел од работилницата за спречување на насилство врз жените, која денеска ја организираше Женскиот центар „Бисера“ од Охрид.

Оваа работилница е дел од активностите со кои овој центар се приклучува на меѓународната кампања „16 денови активизам против насилство врз жени и девојки“.

Активистките од „Бисера“ ќе организираат уште една ваква работилница на 3-ти декември во гимназијата „Св. Климент Охридски“.

Работилниците се дел од проектот Семејно насилство, едукација и превенција, поддржан од општина Охрид.

OhridNews