Од Женски центар ,,Бисера” изразуваат поддршка на иницијативата на Локалната самоуправа  и потпишувањето на меморандум  за соработка со Општа болница, со кој е предвидено во наредниот период од општинскиот буџет да се издвојуваат по 5000 денари за секое новородено дете во општината.

Членовите на Женски Центар ,,Бисера” веќе подолг период се загрижени за состојбата околу намалување на наталитетот во Охрид, и затоа во годишната програма се предвидени активности за подигање на свеста кај младите. Ги поздравуваме сите иницијативи кои се во интерес на жената и семејството, како основна клетка на општеството, велат од ЖЦ „Бисера“.

Како што беше појаснато од страна на локалната самоуправа, постапката ќе се одвива во две фази. Во првата ќе бидат опфатени сите новороденчиња родени во охридското Одделение за гинекологија, чии родители живеат и работаат во Охрид. Во втората фаза ќе се опфатени новороденчињата  кои се родени во друг град или држава, но чии родители се со постојано живеалиште во Охрид.

OhridNews