По повод Меѓународниот ден на таткото 14-ти септември, женскиот центар „Бисера“ од Охрид во соработка со основните училишта од градот организира пригодна манифестација на која ќе биде изведен музичко сценски рецитал на тема „Татко“. На свеченоста, исто така, ќе бидат доделени наградите по распишаниот конкурс за литературни и ликовни детски творби.

Манифестацијата ке се одржи утре, во ОУ „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот.

OhridNews