По повод новогодишните и божиќните празници Женски центар „ Бисера“, традиционално ги посети болните деца згрижени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св. Еразмо“ на кои им подари новогодишни пакетчиња.
Средствата за пакетчиња, како што информираат од „ Бисера“ беа собрани на хуманитарна забава на која се продаваа пекарски и слаткарски производи од охридските пекари.
Членовите на „ Бисера“ за време на деновите од празниците ги посетија и старите лица згрижени во геријатриското одделение при Општа болница на кои им подарија домашно подготвени специјалитети.
OhridNews