Членовите на ЖЦ „Бисера“, традиционално, по повод божикните празници, ги посетија згрижените лица во Геријатриското одделение при Општа болница Охрид.

Со домашно подготвени специјалитети пријатно ги изненадија згрижените лица и им посакаа здравје и среќа и во наредните години.

Членовите на „Бисера“ го посетија и детското одделение, каде на децата им подарија новогодишни пакетчиња.

OhridNews