Бистите на народните херои од Втората светска војна и славното минато на македонскиот народ во Струга се на удар на вандали и оставени се на милост и немилост, велат граѓаните.


За тоa сведочат и фотографиите испратени до нашата редакција на кои се забележува сквернавењето на дел од постаментите и лепењето плакати на нив.


Реагираат и боречките организации, а јавноста очекува надлежните институции да преземат соодветни мерки за заштита на спомен обележјата.

OhridNews