Имаме цврсти основи за уште поголем развој на туризмот, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по работниот состанок со директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Јасмина Лескаровска, на кој присуствуваа и Ана Ѓорѓиевска, член на Советот на Агенцијата, Аркан Керим, претседател на Советот на Агенцијата и Роберт Блажевски од Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ).

Северна Македонија во делот на туризмот има многу што да понуди, од природни убавини до културни различности, се тоа претставува цврста основа за негов понатамошен позитивен развој. Приходите кои се остваруваат преку оваа дејност не само што директно им користат на бизнисите во туристичкиот сектор, туку го стимулира и растот на други индустрии, како што е земјоделството, малопродажбата и градежништвото, рече вицепремиерот Битиќи на средбата.
OhridNews












