Натпреварите од последното коло во двете групи ќе ги одлучат финалистите на IV издание на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што се игра во Охрид.
По две кола во групата А Охрид има максимален учинок, 4 бода по два натпревари, и со победа над Нексе во последното коло, вечерва (петок) од 21 часот, „гладијаторите” ќе обезбедат пласман во големото финале“. Во Б групата Е. Пелистер е во најдобра позиција со 3 бода, колку што има и Тримо Требње.
Пелистерци денеска во терминот од 16:30 играат со Динамо Панчево, а од 18:45 се среќаваат Тримо Требње и Вардар. Вечерниот термин од 21 часот е резервиран за натпреварот помеѓу Охрид и Нексе.
Г.М.