Вредноста на криптовалутата Биткоин е поголема од двете најголеми мрежи за плаќање со картички во светот, Виза и Мастеркард чија вкупна пазарна капитализација е 871 милијарди долари.
Според најновите податоци од пазарот на криптовалути, биткоинот моментално капитализира нешто повеќе од 1,0 трилиони долари. Дигиталната паричка од нула достигна пазарна вредност од 1.000 милијарди долари, 3,6 пати побрзо од „Мајкрософт“.

Извори од Економетрикс за анализа на крипто-пазарот велат дека на 13 март, вредноста на биткоинот била иста како 45 проценти од средствата на инвеститорите инвестирани во злато и дека тоа одговара на удел од 10 проценти од физичкиот пазар на злато како целина.
За навистина да го надмине златото, биткоинот треба да се тргува по цена од 590.000 американски долари, додаваат изворите.
OhridNews












