Иницијативата која ја повлече навивачката група „Чкембари“ конечно ќе дојде до реализиација, а тоа е градот Битола да добие нов модерен фудбалски стадион.
Градбата на новиот стадион кој ќе биде со капацитет од 12 000 седишта и атлетска патека ќе започне по комплетирањето на сите документи, тоа отприлика ќе трае четири месеци.
Стадионот, кој ќе се гради на местото од легендарниот „Тумбе Кафе“ ќе биде по пропозиции на ФИФА и УЕФА и ќе можат да се одржуваат меѓународни натпревари.
Неодамна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески пред охриѓани го презентираше планот со кој на „Билјанини Извори“ ќе се изгради затворен базен, тениски терени, терен за фудбал, а кој во зимските услови ќе се користи за спортовите кои се тогаш актуелни.
Мх.П.