Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишен битолчанец.

– Во текот на август оваа година, пријавениот на подрачјето на Охрид вршел продажба на наркотична дрога хероин, по што на 17-ти истиот месец извршен е претрес во неговиот дом во Охрид каде привремено престојувал. Притоа, полициски инспектори пронајдоа една најлонска кеса со извесна количина хероин сокриена во саксиско цвеќе, како и алуминиумска цевка и нагорена алуминиумска фолија со траги од хероин, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Одземените предмети се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, по што е утврдено дека пронајдената материја во најлонската кеса, е хероин во вкупна количина од 12,67 грама.

OhridNews