Предметот е вратен на повторно судење затоа што вишиот обвинител од Битола предложил да се усвојат жалбите на обвинетите, а да се одбие жалбата на струшкиот јавен обвинител.
Според Воислав Димоски, еден од адвокатите на одбраната, ваквата одлука е очекувана, со оглед на тоа дека пресудата, донесена од страна на Основниот суд во Струга, не била донесена врз објективно изведена фактичка состојба.
– Очекуваме во текот на повторениот судски процес да бидат изнесени нови докази, а не ја исклучуваме и можноста намалување на казната на обвинетите, вели Димоски.
Во несреќата која се случи минатата година на плажата Галеб во комплексот Пливалиште, од струен удар загинаа стружаните Јосиф Докоски, Кире Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески.
За сторено кривично дело-Предизвикување тешки дела против општата сигурност на луѓето, Основниот суд во Струга, во април донесе пресуда според која на првообвинетиот Цвете Вранишкоски му изрече казна затвор од 4 години. Второ обвинетиот Климе Миладиноски доби казна затвор од 3 години, а трето обвинетиот Гоце Јанески е осуден на казна затвор од 3 години и 4 месеци.