Туризмот е наука, но бара и „шлиф“. За да се привлечат гости покрај природни потенцијали,  културно- историски знаменитости и инфраструктура, ви треба и добра приказна, гостопримство, досетливост и добра услуга. Битола деновиве на најдобар можен начин ја продава приказната за браќата Манаки. Покрај холивудскиот гламур на фестивалот на филмската камера „Манаки“ одлична атмосфера владее и во градот. Битолчани деновиве на светот му ја продаваат приказната за пионерите на филмската уметност на Балканот. Со и за фестивалот живеат и битолските кафеани кои понудија филмски менија. Градот на конзулите покажува исклучителен сенс, а битолчани креативност без која туризмот и угостителството не можат да се замислат. Во Охрид не недостигаат светски настани, познати фаци или уметнички ѕвезди, само тие приказни треба да се спакуваат и да се продадат.


Г. Момироски
фото: Емилио