Битолскиот народен театар, наместо со најавената претстава „Хамлет машина“ од Хајнер Милер”, на фестивалот Охридско лето ќе настапи со „Тартиф“ од Молиер.

Како што информираат од дирекцијата на фестивалот, до ваквата промена дошло поради болест на еден од актерите.

Битолскиот народен театар на „Охридско лето“, ќе настапи на 29-ти јули на малата сцена при Центарот за култура „Гругор Прличев“.

OhridNews