Средбата помеѓу унгарскиот првак Веспрем и француски Нант во рамките од Лигата на Шампиони најверојатно нема да се одигра, откако вечерва, на бизарен начин беше одложена.

Ракометарите од двете екипи вклучувајќи ги македонските репрезентативци Дејан Манасков и Кирил Лазаров беа на терен и се загреваа, а непосредно пред почетокот добија шокатна информација дека едниот судија е ковид позитивен и мечот нема да се одигра.

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) официјално го одложи мечот. Најверојатно ќе се донесе одлука натпреварот да се регистира без победник и двете екипи да добијат по еден бод.

OhridNews