Градоначалникот , Никола Бакрачески денес оствари работна средба со Надим Саоу ,познат бизнисмен од Либан кој е заинтересиран да инвестира во Охрид , во изградба на хотели и апартмани со можност да вложува и во проекти од областа на јавно приватно партнерство.
Градоначалникот Бакрачески го запозна својот гостин со проектите на општина Охрид во кои може да се инвестира, меѓу кои мал шопинг центар, зелен пазар, ски центар , дом за стари лица, аква парк , истакнувајќи дека Локалната самоуправа би ја прифатила секоја постапка на јавно приватно партнерство, онаму каде може локалната да наплаќа комунални такси, односно од соработката да остварува профит.
На инвеститорот од Либан му беа посочени сите локациите во градов, а за кои општината веќе има изработено целосна планска документација ,односно каде може веднаш да се започне со реализација на бизнис идеја. Придружуван од претставник од локалната самоуправа заедно со своите соработници, Саоу во текот на денот ги посети посочените локации, погодни за инвестирање.
Гостинот од Либан во Охрид престојува прв пат , а за природните убавини на Охрид дознал гледајќи фотографии.
OhridNews